Кампања „Жените буџетираат“
Жените од Куманово во улога на градоначалнички, ќе добијат можност да го „прекројат“ општинскиот буџет за 2016, односно да кажат како да се потрошат парите од буџетот.
Ова е дел од третата мартовска кампања „Жените буџетираат!“ на Акција Здруженска, со која оваа организација алармира дека јавните финансии не смеат да бидат забранета зона за жените. Кампањата ќе се случува на 06 април на градскиот плоштад со почеток од 11:00 часот и ќе се одвива преку еден вид на улична анкета, а нејзина главна цел е да го поттикне интересот на жените за тоа како и во чија корист се управува со локалните јавни финансии.
Настанот во Куманово се организира во соработка со локалниот женски центар „Жена на 21 век“ - Куманово.
Кампањата освен во Куманово се спроведува и во Дебар, Гостивар, Битола, Свети Николе и Тетово, во соработка со локалните женски организации кои се вклучени во менторската програма за следење и застапување на родовата еднаквост во буџетските процеси.