×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Канцеларијата на Народниот правобранител утре отворена за граѓаните

    10.12.2016 15:29 | KumanovoNews

    Канцелариите на Народниот правобранител во  Куманово, Скопје, Битола, Кичево, Струмица, Тетово и во Штип, утре, на денот на изборите ќе бидат отворени за граѓаните, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.

    Канцеларијата на Народниот правобранител утре отворена за граѓаните

    Канцеларијата на Народниoт правобранител информира дека утре, во периодот од 7 до 19 часот ќе функционира беслатната телефонска линија 0800-54321 на која што граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.

    Освен лично и на бесплатната линија, како што информираат до Канцеларијата на народниот правобранител, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово 044 344-082, Струмица 034 329- 996, Кичево 045 228-586, Битола 047 242-310, Штип 032 389-701 и Куманово 031 431-488.

    „Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права“, се наведува во соопштението.

    Народниот правобранител, исто така потенцира, дека избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела.