Караванот на слободата во кумановско
30.08.2016 14:59
| KumanovoNews
Караванот на слободата во четврток ќе ги посети Куманово, Липково, Кратово и Крива Паланка.

На градскиот плоштад во Куманово во 12 часот, тимот на организаторот ЦИВИЛ ќе одржи прес-конференција, на која ќе ја презентира програмата на големиот мултимедијален настан во Куманово и на претстојните активности во овој регион во текот на денот. Потоа ќе продолжи кон соседните општини Липково, Старо Нагоричане, Ранковце, Кратово и Крива Паланка, каде активистите на ЦИВИЛ ќе разговараат со граѓаните и ќе ги презентираат целите и програмата на Караванот.
Вечерта во Крива Паланка ќе се одржат музички и поетски настани, почнувајќи од 18 часот.