×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Карванот „Македонија вработува 2“ тргна од Куманово

    06.07.2016 10:37 | KumanovoNews

    Промоцијата на проектот „Македонија вработува 2“ денеска започна од Куманово во присуство на министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување на Влатко Поповски.

    Карванот „Македонија вработува 2“ тргна од Куманово

    Тие најавија нови работни места за граѓаните и повеќе поволности за компаниите.

    „Во наредните три месеци ќе ги посетиме сите општини низ Македонија и во директна комуникација со граѓаните и приватните компании ќе ги презентираме мерките, поволностите, можностите и бенефитите кои што ги нуди проектот „Македонија вработува 2“. За нас секое ново отворено работно место е важно,- рече Спасов.

      Во врска со евентуалните злоупотреби на газдите, кои по завршувањето на субвенциите ги отпуштаат вработените, министерот Спасов нагласи дека се предвидени заштитни механизми за вработените во компаниите.

    Проектот не може да го користи компанија која што го намалила бројот на вработени изминатиот период, ниту компанија која што не плаќа редовно даноци, плати и социјални придонеси за своите вработени, - рече Спасов.

    Проектот “Македонија вработува 2“ предвидува работодавачот кој ќе вработи лице од 35 до 50 години е ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и персонален данок во траење од 60 месеци од денот на вработувањето.

    „Македонија вработува може да се комбинира со неколку други мерки кои што ги има Агенцијата за вработување а тоа се: мерката практиканство, мерката обука за кај познат работодавач, додека за оние кои што допрва отвараат фирми и сакаат да се самовработат можат да искористат од 3 до 5 години зависно од нивната старост, - изјави Влатко Поповски, директор на АВРМ.

    Директорот на центар за вработување Куманово Милорад Тренчевски, тврди дека проектот “Македонија вработува“ има свој придонес во намалување на невработеноста во општината Куманово.

     Успешноста на предходниот проек ми дава надеж и оптимизам дека и овој проект ќе биде успешен како и првиот, и ќе даде свој придонес во намалување на невработеноста во Куманово,- изјави Тренчевски.

     Во Куманово за една година вработени се 911 лица преку проектот „Македонија вработува 1“, а на ниво на државата отворени се вкупно 480 приватни фирми.

    Во Кумановската агенција активно бараат работа 10.010 лица, додека 8.992 невработени се пасивни баратели.