×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кои се кандидатите за ноемвриска награда?

    04.11.2016 07:48 | KumanovoNews

    Седумнаесет предлози за ноемвриска награда ќе се најдат денеска пред членовите на Комисијата за доделување на награди и признанија и одбележување на празници и манифестации, при Советот на Општина Куманово.

    Кои се кандидатите за ноемвриска награда?

    На состанокот, советниците ќе одлучуваат кој од предложените правни и физички лица постигнал најголеми резултати и ја афирмирал општината за да го понесе највисокото општинско признание.

    Како што дознаваме предложени за ноемвриски награди се: Божана Трајковка писателка, Верица Петровска, поетеса, Јовица Стојчевски, Рамо Рашидовски, култура, Милош Ранчиќ, спортист-атлетичар, Филип Колевски, тренер-атлетика, Сашо Илиевски спортист-борач, Никола Томовски- тенисер, Неџат Акифи,новинар, Мирослав Крстевски, директор КУД „Панче Пешев“,  Ваит Саити, директор во ЈП Македонски шуми, Фото клуб Куманово, Кумановски акцијаши, Радио БУМ, ЈП „Македонски шуми“, Јоцо-турс, Здружение за грижа и воспитување на деца.

    Кандидатите се предложени лично, од група граѓани или здруженија.