×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Колегите и роднините се простија од Павлевски

    28.11.2015 13:41 | KumanovoNews

    Колегите и роднините денеска се простија од Роберт Павлевски, директорот на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ кој почина во сообраќајна несреќа.

    Колегите и роднините се простија од Павлевски

    На комеморацијата со едноминутно молчење му оддадоа почит, а за неговиот лик и дело говореа колегите од Центарот за култура и од театар Куманово. Пред присутните беше прочитана неговата биографија, по што во име на вработените од “Трајко Прокопиев“ се обрати Сузана Трајковска, која кажа дека загубиле директор и пријател.

    Веста која ја слушнавме не сакавме да ја земеме како вистина. До последен час од твојот живот беше со музиката. Музиката беше твојот живот. Твојот ведар лик, твојата мила душа, смислата за хумор те правеа голема личност. Беше прв меѓу еднаквите, многу скромна личност. Ти не беше директор кој наредува, ти беше наш организатор, работевме како тим - изјави Трајковска.

    Актерот Горан Илиќ рече дека Павлевски прерано замина и изрази сочувство до најблиските.

    Се надевам дека и таму во вечноста ќе останеш доследен на своите принципи. Нека ти е вечна слава - кажа Илиќ.

    На комеморацијата почит му изразија  и актерите од албанската драма. Беа прочитани телеграми со сочувство од македонските театри и театарот од Силистра, Бугарија. Погребот е во 15 часот на Градските гробишта.