Концерт на студенти по пијано и контрабас во Куманово
Во малата сала на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, утре во 19.30 часот концерт ќе одржат студентите Анастасија Грговска (пијано) и Динко Стипаничев (контрабас).

На програма се дела на: G.Bottesini: Reverie i Elegie Adagio Melancolico ed Appassionato, F.Schubert: Drei Klavierstucke D946, no.2 , И.Петровски:The Mortifer’s Dance (Танцот на усмртувачот), G.Bottesini:Концерт за контрабas.
Анастасија Грговска(22) е родена во Куманово. Студент е на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Марија Ѓошевска.
Настапува на бројни концерти и фестивали како “Охридско лето”, “Скопско лето”, “Есенски музички свечености”, Денови на македонска музика”.
Динко Стипаничев(42) е роден во Загреб, Хрватска во музичко семејство.
На Факултетот за Музичка Уметност во Скопје, каде што моментално студира контрабас на 4. година, додипломски студии во класата на проф. Велко Тодевски.