Концертот по повод 35 години независна Македонија вечерва на плоштадот во Куманово
На Градскиот плоштад во Куманово вечерва ќе се одржи концертот „Силно светнал ден“, по повод 35 години од независноста на Република Македонија.
Концертот ќе започне во 19:30 часот, а организаторите ги повикуваат граѓаните масовно да присуствуваат.
Музичко-сценската програма ги обединува различните генерации македонски уметници, со учество на околу 30 македонски музички имиња. Програмата ќе ја води Игор Џамбазов.
Меѓу учесниците се Елена Ристеска, Тони Зен, „Некст Тајм“, Бојана Скендеровски, Бранислав Николов, Вера Милошевска, Зуица Лазова, Александар Тарабунов, Полина Тасева, Миле Кузмановски, Огнен Здравковски, Андријана Јаневска, Игор Дурловски, Ана Дурловска, Димитар Андоновски, Лина Пејовска и Марија Спасовска.
Настанот е дел од програмата за одбележување на 35-годишнината од независноста на државата.