Кражба на електро делови во ФЗЦ „11 Октомври“
Полицијата поднесе кривична пријава против М.С.(63) од с.Копинце, директор во ФЗЦ „11-ти Октомври“ поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело несовесно работење во службата.

Истовремено и против непознат сторител, вработен во ФЗЦ „11-ти Октомври“ е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело кражба. М.С. во периодот од 2009 до август 2015 година, не организирал вршење на попис на задолжени и доверени алати и машинска опрема. Со тоа овозможил секој влез на донесени електро делови и излез на истите да се врши без налог. При тоа непознатото лице во повеќе наврати крадело електро делови кои не се книговодствено евидентирани на штета на фирмата.