×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривична за градоначалникот на Куманово

    07.09.2016 11:41 | KumanovoNews

    Кумановската полиција поднесе кривична пријава против З.Д.(60)-градоначалник на општина Куманово, Л.Л.С. (52) -раководител на Секторот за урбанизам во општина Куманово и В.Л. (62) -раководител на Секторот за инспекциски надзор во општина Куманово, сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

    Кривична за градоначалникот на Куманово

    Првопријавениот во ноември 2008 година ги пречекорил своите овластувања спротивно на Законот за градење и Законот за јавни патишта при што одобрил и ја пуштил во употреба реконструираната крстосница во Куманово помеѓу бул. „Трета македонска ударна бригада“, бул.„Октомвриска револиција“ и ул.„Бранко Богдански“ – Гуцман, иако знаел и бил должен да знае дека за истото дејствие потребна е употребна дозвола. Второпријавената, со неизвршување на својата должност побарала одобрение за техничка документација во врска со сообраќајните знаци и сообраќајната сигнализација од МВР на РМ. Додека, третопријавената со неизвршување на својата службена должност не побарала вработување за општинскиот инспектор за јавни патишта, ниту пак работните задачи за наведеното работно место ги доделила на некој друг од нејзиниот сектор.

    Поради горенаведеното од периодот на неофицијалното пуштање во употреба на крстосницата до денес се имаат случено 31 сообраќајна незгода во кои три лица го загубиле животот, шест лица се здобиле со тешки телесни повреди, 26 се здобиле со телесни повреди, а вкупната причената материјална штета изнесува 1.455.000 денари.