×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривична за кумановци кои спречиле „пајак“ да им го подигне возилот

    15.03.2017 09:27 | KumanovoNews

    Кривична пријава заработија кумановци, сопственик на возило и негов пријател, кои се обиделе да спречат полицаец кој ја придружувал пајак службата, да подигне непрописно паркираното возило

    Кривична за кумановци кои спречиле „пајак“ да им го подигне возилот

    Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Ф.Д.З.(30) и Б.Ј.(29), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за  сторено кривично дело спречување на службено лице во вршење службено дејствие.

    На 2. март годинава во 11.10 часот на ул. „11. Октомври“ во Куманово, пријавените откако се приближиле до патничкото бозило „Рено“, сопственост на првопријавениот, а кое било непрописно паркирано и во тек било подигање со специјално возило на пајак службата,тој започнал вербална расправија со полициски службеник од СВР Куманово.

    Потоа  двајцата започнале насилно да ги отстрануваат канџите од возилото со цел да го спречат полицискиот службеник да го подигне  непрописно паркираното возило.

    Насилниците биле приведени во СВР Куманово.

                                                                     (фото архива)