Кривична за момчето што нападна полицаец
27.05.2016 12:58
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Н.Ј.(20) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 03.05.2016 година во Куманово, додека полицискa патрола била на службена должност, поради поплака против пријавениот, истиот агресивно се однесувал и физички нападнал полицаец удирајќи го во пределот на телото.