Кривична за насилник што нападнал жена
17.02.2017 12:37
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Н.С. (24) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.

На 09.01.2017 година околу 05.00 часот на ул.„11 Октомври“ во Куманово пријавениот со употреба на физичка сила ја нападнал оштетената Т.Д. од Куманово, нанесувајќи и телесни повреди по телото.