×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривична за поранешен референт во Катастар

    14.06.2016 11:39 | KumanovoNews

    Кумановската полиција поднесе кривична пријава против поранешен вработен во Кумановскиот катастар, поради злоупотреба на службата.

    Кривична за поранешен референт во Катастар

    И.А.(54) од с. Опае-поранешен вработен во Агенција за катастар-Куманово, осомничен е за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“, додека И.Ц.(35), З.Ц.(41) и Д.Ц.(39), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „пустошење шума“. И.А. во текот на 2012 година, злоупотребувајќи ја службената положба, по претходен договор со останатите пријавени, оформил предмети за наводна исправка на техничка грешка по службена должност за две катастарски парцели во општина Длабочица со вкупна површина од 12.343 м2, кои биле во сопственост на С.М. За истите без никаков правен основ внел невистинити податоци за сопственоста, а потоа со свој потпис и печат ги заверил и спровел во електронскиот систем на катастарот, за што издал и имотен лист во сопственост на останатите пријавени. Второ, трето и четвртопријавениот, искористувајќи ги наведените податоци како вистинити, во лиценциран субјект поднеле барање за кое добиле и одобрение за сеча на огревни дрва и исекле вкупно 400,8 метри кубни огревно дрво, оштетувајќи го С.М. за износ од 2.805.600 денари.