×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривична за поранешен рефрент во катастар

    20.04.2016 12:53 | KumanovoNews

    Кумановската полција  поднесе кривична пријава против 54 годишниот И.А. село Опае,инаку, поранешен референт во Агенцијата за катастар за недвижности, поради сомневање дека ја злоупотребил на службена положба и овластување и ја фалсификувал службена исправа.

    Кривична за поранешен рефрент во катастар

    Според МВР,тој во периодот од речиси две години,од 15.06.2010 до 05.03.2012 година, во пет наврати, ја злоупотребил службената положба. На пет лица од Куманово им овозможил да се стекнат со противправна имотна корист.

    Според полицијата,поранешниот рефрент,  незаконски во Агенцијата за катастар оформил предмети за наводна исправка на техничка грешка по службена должност за шест катастарски парцели од катастарска општина Длабочица со вкупна површина од 55.259 метри квадратни, кои биле со неутврдено право на сопственост.

    Потоа истите, без никаков правен основ, ги впишувал како сопственост на петмината, по што заверувајќи ги со свој потпис и печат ги внел во електронскиот систем на Агенцијата за катастар, и за истите катастарски парцели издал имотни листови на име на лицата.