Кривична за поштар што земал пари од пензии и социјално
23.02.2016 14:55
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Б.М. (42) од с. Матејче, службено лице во АД „Македонски пошти“, поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.

Пријавениот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, во периодот од 12.03.2015 до 28.01.2016 година, во повеќе наврати од главната благајна противправно присвојувал парични средства кои потоа ги покривал со неисплатување на пензии и социјална помош на крајните корисници, со што се стекнал со 242.061 денари.