Кривична за рабојништво за напаѓачите во викендичката во Зубовце
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против О.М.(39) од Куманово и Б.К.(47) од Рашче, Скопје, во отсуство, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело разбојништво.

Пријавените во точно неутврдено време дошле во викендица сопственост на З.С.(52) од Куманово, лоцирана во селото Зубовце, по што О.М. со употреба на сила и сериозна закана со пиштол на З.С. и неговиот пријател В.Д. (65) од Куманово им наредил да влезат внатре во викендицата каде бил Б.К. Потоа ги врзале со електричен кабел, извршиле пребарување и им одзеле околу 10.000 денари, клучеви од ПМВ и два мобилни телефони.
Откако излегле надвор го одзеле возилото „Рено сеник“ и побегнале.