×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривични пријави за наставник и вработен на Педагошки факултет

    20.04.2016 12:36 | KumanovoNews

    СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Ј. (46), вработен како наставник  и З.К. (50) од Скопје, референт за студентски прашања на универзитетот „Свети Климент Охридски“, поради постоење основи на сомнение за сторени  повеќе кривични дела.

    Кривични пријави за наставник и вработен на Педагошки факултет

    Според обвинението Б.Ј. вработен како наставник се терети поради постоење сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „поттикнување“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ додека З.К. е обвинет за продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба“ и продолжено кривично дело „фалсификување исправа“.

    Б.Ј. во 2005 година стапил во контакт со З.К., поттикнувајќи го да го запише на Педагошкиот факултет во Скопје и да му обезбеди уверение за завршен факултет. Второпријавениот, злоупотребувајќи ја службената положба, во документацијата на Педагошкиот факултет, во матичната книга на запишани студенти и во главната книга на дипломирани студенти незаконски оформил предмет со што му овозможил да се стекне со уверение.

    Со ова, на првопријавениот, на 15.05.2008 година му изготвил фалсификувано уверение за завршен VII-1 степен со што се здобил со стручен назив – дипломиран професор по одделенска настава.

    По ова, Б.Ј. од 2009 до 2012 година, ваквото уверение во шест наврати го употребил во правниот сообраќај како вистинито, и врз основа на истото работел како замена во училиштето „Наим Фрашери“ во Куманово.

    Второпријавениот, пак, со ова предизвикал штета во буџетот на Државниот универзитет во износ од 98.400 денари.