Крводарителска акција на бензинската на “Макпетрол“
09.11.2015 09:58
| KumanovoNews
Крводарителска акција утре ќе се одржи на бензинската пумпа на “Макпетрол“.

Вработените ќе даруваат крв од 9 до 14 часот и се очекува да се соберат 30 единици крв, информираат од општинската организација на Црвен Крст Куманово. “Макпетрол“ и Црвен Крст вообичаено два пати годишно организираат крводарителски акции.