Мени

Крводарителска акција во Клубот на ветерани

04.05.2016 14:09 | KumanovoNews

Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав на Куманово, утре организира крводарителска акција.

Крводарителска акција во Клубот на ветерани

Меморијалната акција „Александар Ковачевски“ ќе се одржи во просториите на клубот Х.Т. Карпош од 10.30 до 13.30 часот. Се очекува да земат учество нашите членови - крводарители и припадници на АРМ, МВР и Народна одбрана. Ветераните ги повикуваат граѓаните-крводарители да се приклучат на акцијата.