×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Крводарителска акција во кумановската полиција

    23.02.2016 14:32 | KumanovoNews

    Над 50 единици крв беа собрани во акцијата што денеска се одржа во СВР Куманово. Вработените во кумановската полиција велат дека секогаш се подготвени да ја покажат својата хуманост на дело.

    Крводарителска акција во кумановската полиција

    Како што гледате и денеска се собравме овдека во организација на Отсек за превенција. Сега за сега акцијата оди одлично прва е во оваа година, а планираме уште две. Се надеваме дека до крајот на денот колегите ќе покажат поголема хуманост и со тоа ќе спасиме повеќе човечки животи - изјави Марјан Павличек од Отсекот за превенција.

    Дваесет и четири пати имам до сега дадено крв. Учествував и на други акции 18 години давам крв. За мене е хумано е да се дава крв,- вели Зоран Чандевски, полициски службеник.

    Од Институтот за трансфузиона медицина велат дека покрај Велес, Куманово е еден од градовите каде што се собираат најмногу крв. Тоа се должи на големиот број на институции кои се вклучуваат во вакви акции и 20 % од средношколците барем еднаш имале дадено крв.