Куче нападна три лица, кривична за сопственичката
31.05.2016 15:09
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против В.А. (37) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На средината на месецот, пријавената предизвикала опасност по животот и телото на луѓето на начин што нејзиното куче ја нападнало Ј.М. и уште двајца нејзини соседи, при што Ј.М. се здобила со телесна повреда.