Кумани однесоа парична помош на Додевски
Претставници од навивачката група Кумани, вчера ги посетиле Александар(7) и Мартина (10) Додевски во населбата Иго Тричковиќ, при што донирале парична помош за нивно лекување.

„Голема бладодарнот до сите Кумани, кои донираа сретства за лекување на моите деца. Нивната хуманост е во вистински момент и многу ни значи“, - вели мајката Јасмина Додевска.
Навивачите на дечињата им поделиле и шалчиња со нивното лого, што посебно ги израдувале.
Александар и Мартина боледуваат од цироза на црн дроб. Поради влошена здравствена состојба на Александар му е потребна итна трансплантација, која чини над 100.000 евра. Резултатите од испитувањата се испртени во болница во Турција, од каде се чека одговор колку ќе чини операцијата.