×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци најдобри на квизот по противпожарна заштита

    26.11.2016 13:10 | KumanovoNews

    Ученици од гимназијата „Гоце Делчев“ и основното училиште „Крсте Мисирков„ ќе го претствуваат североисточниот регион на државниот натпревар по противпожарна заштита во Неготино.

    Кумановци најдобри на квизот по противпожарна заштита

     На квизот што вчера се одржа учествуваа победниците од општинските натпревари од Куманово, Кратово, Пробиштип и Свети Николе.

    -Оваа година на државното натпреварување ќе учествуваат кадети и јуниори од Општинскиот противпожарен сојуз Куманово, кои ќе го претставуваат нашиот регион. Учениците покажаа солидно знаење и освоија најголем број на бодови.Државниот натпревар ќе се одржи на 14 декември во Неготино, - изјави Часлав Јовановиќ, секретар на ОПС Куманово.

    Победниците добија дипломи и награди компутерска галантерија.

    На натпреварот присуствуваат претставници на локалната самоуправа, Дирекција за заштита и спасување, Општинскиот противпожарен сојуз и Противпожарен сојуз на РМ. Натпреварот по противпожарна заштита се одржува по 32 пат.