×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци носеле азиланти во Германија

    07.04.2017 12:27 | KumanovoNews

    Полицијата поднесе кривична пријава против Ш.Р.(50) и Б.Д.(36) двајцата од Куманово, поради постоење основано сомнение дека сториле кривичното дело злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската Унија и на Шенгенскиот договор.

    Кумановци носеле азиланти во Германија

     Во 2015 година пријавените организирале транспорт и непречено минување на државната граница за двајца струмичани и нивните малолетни деца за сума од 350 евра од човек и истите ќе биле превезени до Германија, со цел лицата да се стекнат со економски и социјални права.

    Оштетените на сопствен трошок со такси дошле во Куманово и на автобуската станица ги пречекал второпријавениот кој ги одвел до граничниот премин „Табановце“ од каде со трактор во затворена тракторска приколка, нелегално ја преминале државната граница. Кога стигнале во градот Карслуе платиле 1.400 евра, по што првопријавениот им ги дал патните исправи и им покажал каде да се пријават за добивање на нелегален азил. Двете фамилии (браќа) во Чешка биле откриена од тамошните полициските службеници и истите биле депортирани авионски во Р.Македонија.