Кумановци претепани со безбол палки во ресторан
25.07.2016 08:15
| KumanovoNews
Двајца кумановци се претепани со безбол палки на Градскиот плоштад во Куманово.

Инцидентот се случил вчера по полноќ кога А.Ш. и Р.З. од Куманово, биле физички нападнати од пет лица додека седеле во угостителски објект на плоштадот „Маршал Тито“.
Како што соопшти полицијата, А.Н., А.Н., С.Н., А.Н. и Б.Н. дошле и почнале да ги удираат, А.Ш. со безбол палки по глава и тело, а Р.З. со тупаници, по што побегнале.
На повредените им била укажана лекарска помош во Општа болница Куманово, каде се задржани на лекување.
СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување на случајот.