Кумановци протестираа „За заедничка Македонија“
07.03.2017 10:02
| KumanovoNews
По петти пат, синоќа во Куманово се одржа граѓански марш во организација на иницијативата „За заедничка Македонија“.

Граѓаните на Куманово се собраа кај пазарчето на булеварот „Октомвриска револуција“ и прошетаа по улиците низ централното градско подрачје. Пеејќи патриотски песни, граѓаните порачаа дека нема да дозволат двојазичност на целата територија на државата и ги повикаа и останатите кумановци да им се придружат.
Маршот, како и претходните денови, заврши пред плоштадот кај Центарот за култура без инциденти.
Според најавата на организаторите маршот попладне ќе започне од Автобуската станица во 18 часот.