×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци во телата за млади во Советот на Европа

    30.03.2016 10:58 | KumanovoNews

    Милош Ристовски, генерален секретар на ЦИД е избран во извршниот одбор на советодавно тело за млади при Советот на Европа.

    Кумановци во телата за млади во Советот на Европа

    Мандатот на Ристовски е 2 години, од јануари 2018.

    "Ова е голем предизвик за мене.Овој процес ќе ми отвори можност да ги надоградам моите вештини за претставување на младите пред различни чинители во Советот на Европа. Сакам да напоменам дека ова не е само мој личен успех, туку и на организацијата од каде доаѓам, па ако сакате и на Македонија. Имено, јас сум единствениот од Македонија во извршниот одбор на ова тело. Исто така овој успех е резултат на континуитетот на ЦИД како организација во чиј фокус се младите. ЦИД оваа година прославува 10 години постоење, и токму во ЦИД јас се здобив со квалификации, искуство и знаење кои се потребни за денеска да бидам во Советодавно тело за млади при Советот на Европа,"-  вели Ристовски.

    Дека ЦИД е силно препознатлива организација на европско ниво говори и фактот што Матеј Маневски од јануари е избран во програмскиот комитет при Советот на Европа. Програмскиот комитет ги утврдува, следи и оценува програмите на Европските младински центри и на Европската младинска фондација. Значи имаме двајца претставници од Куманово во Советот на Европа со седиште во Стразбур. Ова е прв пат Македонија да има двајца свои претставници во ова тело.