Кумановци заминаа на протест пред Уставeн суд
15.03.2016 16:31
| KumanovoNews
Неколку стотини граѓани од Куманово околу 16.30 часот организирано заминаа на протест пред Уставниот суд во Скопје.

Се работи главно за членови на СДСМ и коалиционите партнери, симпатизери, невладини организации и граѓани.
Како што ни кажаа луѓето кои чекаа кај Кумановскиот суд, обезбедени се 20 автобуси кои ќе тргнат од повеќе локации од градот.
Кумановци во Скопје ќе се приклучат на протестот што го организира граѓанската организација „Ајде„ за да се спротивстави на уставните судии утре зад затворени врати да одлучуваат за уставноста на законот за помилување.