×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановец доби автомобил на наградна игра од Македонски телеком

    25.01.2017 12:29 | KumanovoNews

    Јетмир Рушити од Куманово е среќниот добитник на автомобилот фолксваген ап (Volkswagen UP), главната награда од припејд наградната игра која што ја организираше Македонски телеком.

    Кумановец доби автомобил на наградна игра од Македонски телеком

    Клучевите од автомобилот му се врачени на Рушити коjшто не ја криеше својата среќа и задоволство од наградата.

    „Редовно учествувам во наградните игри кои што ги организира Македонски телеком, но за прв пат добивам награда. Во текот на наградната игра, дополнив ваучер 4-5 пати и искрено не очекував дека токму јас ќе го добијам автомобилот. Ова беше големо изненадување за мене и мојата сопруга. Немаме сопствен автомобил и оваа награда е повеќе од добредојдена за семејството“, изјави денеска Рушити при врачувањето на клучевите од автомобилот, којшто е корисник на услугите на Македонски телеком веќе 12 години.

    Припејд наградната игра се организираше за сите нови и постојни припејд корисници, во периодот од 21 октомври минатата година, па се до 9 јануари  годинава. Извлекувањето на главната награда беше на 10 јануари. Освен главната награда фолксваген ап, додека траеше играта секој ден се доделуваше и по еден смартфон huawei P9 lite.