Кумановец паднал од мотор и тешко се повредил
03.09.2016 15:45
| KumanovoNews
Кумановец се здобил со тешки повреди, откако паднал од мотор.

Несреќата се случила денеска во 14.45 часот на раскрсницата на улиците „Доне Божинов„ и „Никола Тесла“ во населбата Средорек, кога Д.Д.(31) од Куманово, додека се движел со моторот од периферијата кон центарот на градот изгубил контрола на моторциклот и паднал. При тоа се здобил со сериозни повреди на главата. По укажаната прва помош во Кумановската болница префрлен е на скопските клиники.
Причината за несреќата се испитува.
(фото архива)