Кумановец пронајден мртов во својот дом
14.03.2017 14:53
| KumanovoNews
И.С. (36) синоќа во 20 часот бил пронајден починат во својот дом на ул. „11. Ноември“ во Куманово.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово и доктор мртвопроверител.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција, за да се утврди дали се работи за природна или насилна смрт.