Кумановец пукал во воздух од автомобил
11.06.2016 11:53
| KumanovoNews
Кумановец пукал во воздух од автомобил во движење.

Инцидентото се случил вчера во 18.40 часот на ул.„Лесковачка“ во населбата „Гоце Делчев“. Непознато лице додека се возело во својата кола, со пиштол испукало неколку куршуми во воздух и продолжил кон населбата „Јане Сандански“. Случајот во полиција го пријавил Д.Т.
Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот, извршен е увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.