×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановец се заканувал со пиштол на полицајци во Скопје

    02.02.2017 15:17 | KumanovoNews

    Скопската полиција поднесе две кривични пријави против С.Ч. (43) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела лажно претставување и напад на службено лице при вршење работи од безбедноста.

    Кумановец се заканувал со пиштол на полицајци во Скопје

    Како што информираат од МВР пријавениот на 14 октомври 2016 година околу 22.20 часот на ул.„Јужен Булевар“, управувајќи автомобил опел корса, сопрел тројца полициски службеници кои биле на извршувале службени задачи. Пријавениот дошол до нивното службено возило и почнал да им се обраќа со висок тон. Откако полициските службеници побарале да се легитимира, пријавениот се качил во возилото и побегнал.

    Околу 22.45 часот истиот ден, по преземени мерки од  страна на полициските службеници, опел корсата била забележана на паркинг на ул. „Огњен Прица“, а по кратко време го забележале пријавениот кој со пиштол им се заканил. Еден од полициските службеници се легитимирал и по неколкуминутното убедување со пријавениот го убедил да го спушти пиштолот, кој му бил одземен веднаш.