Кумановка пријавена за исчезната
17.10.2016 13:41
| KumanovoNews
Кумановка пријавила во полицијата дека пред 3 дена исчезнала нејзината ќерка.

Н.Р. (37) од Куманово во саботата во 20.30 часот излегла од дома и повеќе не се вратила. Откако не успејале да ја најдат кај роднините и пријателите, нејзината мајка Г.М. (65) го пријавила исчезнувањето.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на жената.