Кумановка сликала гласачкото ливче
12.12.2016 14:00
| KumanovoNews
Ф.Д.од Куманово со мобилен телефон фотографирала гласачкото ливче, откако гласала на избирачко место бр. 1029 во Клубот на резервни воени старешини во Куманово.

По преземени мерки и активности од надлежните, фотографијата не е пронајдена во мобилниот телефон, бидејќи веднаш била избришана.
Против Ф.Д. е поднесен Записник за констатиран прекршок од Изборниот законик, поради фотографирање на гласачкото ливче.