Мени

Кумановки истепле малолетно девојче

24.02.2016 12:39 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Ј.П.(18) и седумнаесетгодишно девојче, двете од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Кумановки истепле малолетно девојче

На почетокот на месецот, околу 13.00 часот во Куманово на ул. „Народна Револуција“ , без повод и причина, физички нападнале малолетничка. Девојчето се движела пеш при што двете насилнички ја нападнале и и нанеле телесни повреди во пределот на главата и телото.