„Куманово-паркинг“ дел од Асоцијацијата за јавни паркиралишта
09.06.2016 09:15
| KumanovoNews
Директорите на јавните претпријатија за паркинг услуги на Куманово, Струмица и Центар потпишаа иницијатива за формирање на Асоцијација на комунални претпријатија за јавни паркиралишта.

„Целта е да се продлабочи соработката и да се разменат искуства во дејноста кој ја извршуваме. Истовремено ќе се работи на подобрување на услугата на граѓаните„-изјави Фадиљ Шабани, директор на ЈП „Куманово-паркинг“.
Иницијативата за иницијативата за формирање на Асоцијација на комунални претпријатија беше потпишна вчера во општина Центар.