Кумановски акцијаши однесоа помош на 40 семејства
03.03.2017 09:54
| KumanovoNews
Кумановски акцијаши поделија хуманитарна помош на 40 семејства од социјално ранливите категории од акцијата „Биди хуман подари“ што ја спроведуваат од почетокот на годината.
„ Со помошта се опфатени 22 семејства кои беа посочени од Центарот за социјални работи, бездомници и семјства кои беа најдени по дојава на граѓани. Семејстввата најмногу имаа потреба од храна и средства за лична хигиена“, - соопштуваат Кумановски акцијаши.
Во акцијата се вклучиле 21 граѓанин со помош во храна и облека, а еден донатор обезбедил и парични средства. Акцијата ќе трае до 30 април и организаторите ги повикуваат граѓаните и фирмите да се вклучат и да помогнат. Сите информации можат да ги добијат на тел. 077 65 26 50.

