Кумановски акцијаши утре ќе чистат на Трета МУБ
24.06.2016 14:10
| KumanovoNews
Волонтери на Кумановски акцијаши и вработените на ЈП „Чистота и зеленило“, утре ќе спроведат еколошка акција на булеварот Трета МУБ.

Акцијата ќе започна во 10 часот, кај маркетот Елида. На сите учесници ќе им бидат поделени маички. По завршување на акцијата во 13 часот, во клубот на акцијаши е организиран заеднички ручек и дружење.
Акцијата е под покровителство на општината Куманово, а можат да се вклучат и граѓаните.