Кумановски средношколци на карневал во Струмица
Ученици од средните училишта во Куманово синоќа учествуваа на Струмичкиот фестивал.

Со оригинална групна маска кумановци беа дел од големото карневалско дефиле, кое траеше 4 часа, а со свои маски се претставија повеќе од 2.000 учесници од земјава и странство.
Повеќе од 20.000 посетители имаа можност да видат разновидни креации и музичко-сценски настапи, кои носеа пораки на љубов, забава, игра, чување на природата, културата.
На манифестацијата учествуваа и карневалџиите од Словенија, Црна гора, Србија, Бугарија, Албанија, Русија и Аруба.
Најдобрите маски ќе бидат прогласени во вторник.
Ученици од Куманово неколку години по ред учествуваат на Струмичкиот карневал и секогаш се претставуваат со оригинални маски, кои предизвикуваат внимание кај посетителите.