×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЛДП ја претстави изборната програма

    16.03.2016 09:20 | KumanovoNews

    Либерално-демократската партија викендов одржа програмска конвенција во Скопје, под мотото Има избор. Овде и сега., на која беше промовирана програмата за парламентарните избори.

    ЛДП ја претстави изборната програма

    На конвенцијата присуствуваа делегати и претставници на највисоките партиски тела од Куманово.

    „Во програмата, овој пат, обрнуваме внимение на темелните вредности, клучните одредници и стратешки правци што беше истакнато и на програмската конвенција. Избравме слобода на поединецот, почитување на човекови и граѓански права, независни и функционални институции, чиста животна средина како највисок приоритет, силно и динамично предприемништво, врзување и потчинување на државата со правото, еднаквост на сите пред законот, промовирање на толеранцијата, независни и професионални медиуми, културна и политичка интеграција во Европа и светот и функционално општество. Многу е битно да кажам дека се залагаме претседателот на државата да се бира во Собрание а не на избори, Македонија да биде една изборна единица и избор на пратеници и советници да биде преку отворени листи, да бидат загарантирани места за малите заедници, да се намали бројот на министерства од 22 на 12 и да се изврши регионализација на државните институции за да не биде се сконцентрирано во Скопје“, - изјави Зоран Павловски, член на извршен одбор на ЛДП.

    Програмата предвидува и реформи во здравството, образованието, екологијата, правосудтвото, социјалната политика, култура, урбанизам земјоделството, безбедност, одбрана и спортот.

    На конвенцијата присуствувава над 1000 луѓе, меѓу кои и Даниел Кадик, директор на германската фондација „Фридрих Науман“ за југоисточна Европа и Ханс ван Баален, европратеник и претседател на АЛДЕ – Европската алијанса на либерали и демократи,генералниот секретар на Либералната интернационала, Емил Кирјас и др.

     „Идеите за програмата се црпеа од граѓаните на трибините што ЛДП ги одржа низ градовите во државата. За десетина дена ЛДП ќе започне со работа на терен со цел да ја претстави програмата на граѓаните. Овој пат се надевам дека опозицијата како Алијанса за Македонија ќе има голема победа и нашата програма ќе биде спроведена во целост“, - додава Павловски.