×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЛДП: Mерната станица е победа на граѓаните и на ЛДП Куманово

    22.02.2016 14:23 | KumanovoNews

     „Во изминатите години Либерално -Демократската Партија одржа повеќе прес конференции на кои главен фокус ни беше долгогодишното нефункционирање на мерната станица„.

    ЛДП: Mерната станица е победа на граѓаните и на ЛДП Куманово

     „Денеска со задоволство можеме да кажеме дека иако во опозиција, ЛДП заедно со граѓаните успеа да се избори во Куманово конечно да биде поправена мерната станица од страна на министерството за животна средина. По долги години нејзино нефункционирање, денеска мерната станица го покажува нивото на загаденост на воздухот во Куманово.

    Ова е мала победа не само за ЛДП туку за сите граѓани на Куманово, затоа што воздухот е ист за сите граѓани на овој град.

    Со ставањето во функција на мерната станица, направен е мал но значаен чекор кон подигањето на општата еколошка свест, како на институциите така на граѓаните, затоа што истите сега ќе знаат каков воздух секојдневно вдишуваат. Мораме да напоменеме дека од првичниот увид, забележливо е тоа што станицата ги мери опасните ПМ 10 но не и ПМ 2,5, честичките кои се покажаа како едни од главните честички кои му штетат на човечкиот организам

     Само за потсетување, извештајот на Светска Банка покажува дека годишно во Македонија умираат по 1350 лица од загаден воздух. За жал првичните податоците од изминатите денови покажуваат дека и Куманово не е имуно на големото загадување во Македонија, а посебно во вечерните часови кога присуството на ПМ 10 честичките е најголемо.

    Со обработка и анализа  на податоците од овие станица општинските и државните власти, заедно со нас граѓаните ќе имаат можност да спроведат политики со кои би се заштитило здравјето на населението. Денеска во Куманово има над 30.000 регистрирани патнички моторни возила и голем дел од домаќинствата заради скапата електрична енергија, се загреваат на дрва. Токму заради овие причини ставањето во функција на мерната станица беше повеќе од неопходно.

    ЛДП и понатаму ќе продолжи на кревање на еколошката свест и градење и промовирање на политики за здрава животна средина„,- изјави на денешната прес-конференција портпаролот на ЛДП Филип Јаневиќ.