ЛДП започна со подготовките за престојните избори
29.09.2016 09:58
| KumanovoNews
Во просториите на oпштинската организација на Либерално-демократската партија во Куманово завчера се одржа седница на извршниот одбор на партијата.
На седницата присуствуваа претседателот Горан Милевски, генералниот секретар Дуфе Кукоски и членови на на извршниот одбор.
„Седницата беше во функција на подготовките за претстојните предвремени парламентарни избори. Ова е прва седница на Извршниот одбор на ЛДП која се одржува надвор од главниот град на државата, а ваквата пракса ќе продолжи и понатаму што секако ќе придонесе за поголемо приближување кон членовите на партијата и кон граѓаните, - стои во соопштението на партијата.