×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Левица бара да се исплатат заостанатите плати на вработените во „Чистота“

    04.04.2017 08:27 | KumanovoNews

    Поради неодговорноста на политичките субјекти кои партиципираат во јавните институции и претпријатија како на републичко така и на локално ново, притоа трошејќи време и енергија на тривијални теми,  виталните процеси во општеството остануваат закочени а штетата ја трпат граѓаните, реагираат од партијата Левица.

    Левица бара да се исплатат заостанатите плати на вработените во „Чистота“

     Како најсвеж пример го посочуваат штрајкот на врaботените во ЈП "Чистота и Зеленило", поради неисплатените последни две месечни плати и предупредуваат дека доколку надлежните дозволат оваа ситуација да потрае, граѓаните на Куманово ќе се соочат со огромен проблем, а градот ќе се затрупа во смет.

    „Затоа Левица упатува апел, до надлежните институции: УЈП и ЈП "Чистота и Зеленило" веднаш да изнајдат решение. Срамно е, надлежните да си дозволат ситуација во која немаат исплатено две месечни плати на вработените и во која граѓаните и градот можат да се соочат со хигиенска катастрофа, иако граѓаните секој месец плаќаат за услугите на JП "Чистота и Зеленило". Уште посрамно ќе биде, доколку лицата кои се наоѓаат на раководни функции во инволвираните институции и претпријатија не понесат морална и политичка одговорност поради ваквата состојба“, -стои во соопштението на Левица.