Мени

Левица си замина од протестот пред Судот

20.04.2016 14:13 | KumanovoNews

Кумановскиот огранок на партијата Левица синоќа го бојкотираше протестот пред Основниот суд.

Левица си замина од протестот пред Судот

Членовите и симпатизерите на партијата дојдоа на протестот, но за кратко време си заминале. Во реакцијата велат дека  собирот не бил граѓански, туку се претворил во партиски митинг и како таков го изгубил суштинското значење. Тие потенцираат дека ќе продолжат да го искажуваат незадоволството против аболицијата на политичари, но нема да дозволат да бидат декор на партиски собир.