Литературен конкурс за 8 март-Денот на жената
18.02.2016 11:47
| KumanovoNews
По повод 8 март-Денот на жената, Здружението на пензионери Куманово распиша литературен конкурс на тема „Бабите за своите внучиња“.

Сите заинтересирани можат да ги приложат своите творби, во 4 примероци во Здружението на пензионери Куманово до 1 март. Творбите можат да бидат напишани на македонски, албански, српски, ромски, турски и влашки јазик како и на кумановски дијалект. Поетската средба за Денот на жената ќе се одржи на 7 март.