×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Љиљана стечајката на суд заради протест

    17.10.2016 09:21 | KumanovoNews

    Љиљана Георгиевска, претседстелка на здружението на стечајните работници УНИТ,  денеска и задутре треба да се појави на судење во Основниот суд 1 во Скопје, заради нарушување на јавниот ред и мир и предизвикување на матерјална штета на протести пред Влада.

    Љиљана стечајката на суд заради протест

    Таа прекршочно се гони за две дела што наводно го сторила пред три години.

    „Во оваа држава сите крадат а само Љиљана Георгиевска ќе оди на суд. Ме тужат за глупости. Сум направила штета на Република Македонија пред владата сум скршила оловна цевка. Па таа не може ни со бонсек да се исече а не со голи раце да се скрши. Јас и на судиката и реков: „Да бев јас толку силна и полицајците ќе ги истепав па ќе влезевме во Влада„. Тоа беше на протест во 2014 година, полицијата направи престап и влезе меѓу стечајните работници. Тоа дело е веќе и застарено, но идат избори па да ме заплашат малку„ - вели Георгиевска.

    Подршка пред Судот во понеделник на Георгиевска денеска ќе и бидат стечајците од цела држава, кои во 10 часот ќе ја блокираат раскрсницата кај Судска пaлата.

    Стечајните работници бараат од невладините организации, политичките партии и граѓаните да им се приклучат и да им помогнат во остварување на нивните права.