Маќеа праќала 6 годишно дете да питачи
04.11.2016 08:32
| KumanovoNews
Кумановка го натерала дететот на нејзиниот сопруг да питачи по градот.

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Б.М.(44) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело запуштање и малтретирање малолетно лице. Пријавената, како родител-маќеа на шестгодишно девојче, грубо ја запоставувала нејзината должност за грижа и воспитување на детето, кое на 30.09.2016 година, околу 12.30 часот од својот дом го однела во центарот на градот наведувајќи го на питачење.