×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Македонија гласа, денеска се одржуваат парламентарни избори

    11.12.2016 08:03 | KumanovoNews

    Во Република Македоија денеска се одржуваат деветтите предвремени парламентарни избори.

    Македонија гласа, денеска се одржуваат парламентарни избори

    Македонските граѓани денеска ќе одлучат кому ќе му ја дадат довербата за следните 4 години да ги носи одлуките од државен интерес. Право на глас имаат 1.784.416 граѓани. Тие ќе гласаат во 6 изборни единици за 120 пратенички места.

    Во Куманово евидентирани се вкупно 90.848 гласачи од кои 89.427 гласаат во изборна единица два, додека 1.421 лице гласаат во третата изборна единица.

    Гласањето во Куманово ќе се одвива на 167 избирачки места.На подрачјето на општина Старо Нагоричане ќе се гласа на 37 избирачки места, а во Липково на 36 избирачки.Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска во периодот од 7 до 19 часот ќе функционира беслатната телефонска линија 0800-54321 на која што граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.Граѓанската асоцијација МОСТ ќе ги следи предвремените парламентарни избори со повеќе од 3.000 набљудувачи. На гласачките места ќе бидат распоредени 2.664 набљудувачи, кои ќе покријат околу 55 отсто oд гласачките места во Република Македонија.